Тема 5: Онлајн живеење



Задача 1:
Пополни го следниот дијаграм за така што дозволените правила за етичко користење на сервисите на Интернет да се напишат во зелениот дел, а недозволените во црвениот дел.


Задача 2:
Наброј ги советите за оставање на позитивен дигитален отпечаток!


Задача 3:
Објасни што претставува веб-дневник!

Блог или веб-дневник претставува онлајн-дневник, каде што содржината се прикажува по хронолошки редослед, односно најновите вести или содржини се прикажуваат први, а останатите одат подолу, т.е. сортирани се така што од најновите се оди кон постарите објави.

Задача 4:
Дополни ги речениците за да добиеш точни тврдења.


Луѓето кои ги уредуваат веб-дневниците се нарекуваат блогери, а постапката на уредување на блоговите се нарекува блогирање.

Задача 5:
Во веб-дневникот вестите/содржините се објавуваат по:
а) според бројот на сликите објавени во блогот;
б) без некој посебен редослед;

в) според хронолошки редослед, односно по датумот на објавата.

Задача 6:
Пред  да се започне со постапка за изработка на блог,
а) неопходно е корисникот да има е-маил адреса, т.е. електронска пошта;
б) корисникот може да има е-маил адреса, но тоа не е неопходно;
в) не е потребна е-маил адреса. 

Задача 7:
Корисничкото име на сопственикот (авторот на блогот) се користи како:
а) име за потпис;
б) име за најава во веб-дневникот;
в) тема за дискусија. 

Задача 8:
Записите на блогот се нарекуваат:
а) статуси;
б) постови;

в) твитови. 

Задача 9:
Посетителот на блогот, може да остави порака за еден или повеќе постови на блогот преку опцијата за додавање:
а) линк;
б) блог-архива;
в) коментари.

Задача 10:
Што е потребно да се направи за да се објави новонапишан запис во блогот?


Со кликнување на копчето Publish се прави објава на содржината на блогот.

Задача 11:

Објасни го значењето на секој елемент!
1. Наслов на објавата
2. Објавување на постот
3. Зачувување на постот
4. Преглед на постот
5. Додавање на време на постирање на објавата
6. Додавање локација при постирање на објава
7. Содржина на објава


Задача 12:

Како треба да се однесуваш при пишување или посета на одредени блогови на Интернет?


Однесувањето треба да е културно, а тоа значи да не се употребуваат навредливи зборови, да се почитува туѓото мислење или став, да се применува правопис, да не пишуваме со големи букви, да не откриваме лични податоци и сл.

2 comments:

  1. Благодарам! Ова многу ми помогна за сегашниот тест!

    ReplyDelete
  2. Ви благодарам многу баш сега за домашна што неможеше јасно разгледав како треба

    ReplyDelete