Тема 1: Програма за табеларни пресметки


Задача 1:
Отворете еден работен документ во MS Excel 2016. Првиот работен лист именувајте го „куќа“ и во него со примена на различните начини на селектирање обојте ги ќелиите така што би добиле куќа. Документот зачувајте го со вашето презиме и одделение!
РЕШЕНИЕ


Задача 2:
Во програмата за табеларни пресметки во работен лист 1 (Sheet 1) креирајте телефонски именик на учениците од одделението. Табелата да ги содржи следните податоци: реден број, име, презиме и телефон. Покрај телефонот на другарчето, додадете го и датумот на неговиот роденден.
РЕШЕНИЕ

Задача 3:
Направете список на книги од вашата библиотека. Притоа, внесете ги следните податоци: Автор, наслов на книгата и година на издавање.
РЕШЕНИЕ

Задача 4:
Креирајте табела во која ќе внесете податоци: месец, приходи, расходи. Откако ќе ги внесете податоците додадете нова колона: разлика (разлика меѓу приходи и расходи). Над насловните ќелии додадете нов ред. Ќелиите на новиот ред обојте ги со Fill color. Дајте им димензии на редиците дваесет (20), додека на колоните димензии дваесет и пет (25). Зачувајте го документот!
РЕШЕНИЕ

Задача 5:
Во работен документ на програмата за табеларни пресметки креирајте табела како што е прикажана во примерот.Форматирајте ја табелата употребувајќи ги алатките за форматирање: фонт, големина, стилови, подредување, ориентација, како и примена на стилови на ќелии или готови формати на табели. Документот зачувајте го!
РЕШЕНИЕ

Задача 6:
Во програмата за табеларни пресметки да се креира следната табела и со примена на формули за пресметка на периметар и плоштина да се изврши пресметка.
РЕШЕНИЕ

Задача 7:
Да се креира табела во програмата за табеларни пресметки во која се прикажани просечните температури во државата, по месеци. Со помош на функции определете кој месец е најтопол, а кој најстуден во годината!
РЕШЕНИЕ

Задача 8:
Креирајте табела со податоци на вашите другарчиња: име, презиме, возраст и сортирајте ги по обратен азбучен редослед.
РЕШЕНИЕ

Задача 9:
Во програмата за табеларни пресметки креирајте и форматирајте табела со податоци на вашите другарчиња: име, презиме, успех. Сортирајте ги по презиме, по азбучен редослед, а потоа, по успех почнувајќи од најголемиот кон најмалиот.
РЕШЕНИЕ

Задача 10:
Да се креира графикон во програмата за табеларни пресметки во која ќе се спореди успехот на одделението од VI – IX –то одделение. Притоа, да се примени графикон пита, креиран во нов работен лист.
РЕШЕНИЕ

Задача 11:
Креирајте табела во која ќе биде прикажан среден успех на крајот од секое тромесечие, како што е прикажан на сликата. Потоа, податоците графички прикажете ги со примена на графикон Columns.
РЕШЕНИЕ

Задача 12:
Истражете која е цената на водата по метар квадратен во вашиот град и пресметајте колкава сметка треба да платите!
РЕШЕНИЕ

No comments:

Post a Comment