Задача 1:
Креирајте низа од
инструкции кои ќе го прикажат патот од влезот на училиштето до вашата училница. За решавање на задачата
креирајте картички со стрелки и пополнете ја шемата.
Напомена:
инструкциите се различни за различни училишта. Ваша задача е да креирате низа
со инструкции за вашето училиште.
Задача 2:
Природните броеви 12, 18 и 36 претворете ги во бинарни броеви!
Задача 3:
Бинарниот број 11100111 претворете го во природен
број!
Задача 4:
Бројот 236 да се
претвори во бинарен број!
Задача 5:
Креирајте шифрирана порака употребувајќи го
Цезаровиот модел!
Задача 6:
Истражете ги карактеристиките на игрите Packman и
Tetris. Со кои информатички концепти можеме да ги поврземе? Објаснете!
Овие игри можеме да ги
поврземе со информатичкиот концепт структури на податоци односно: низи, стекови/купови,
редови бидејќи
при играње на Tetris
формите се напластуваат
на соодветни места, односно места во кои можат соодветно да се поклопат
фигурите за да се добијат поени. Кај играта Pack – man се следат низа од насоки за да се постигне целта.
Задача 7:
Алма сака да и испрати
порака на Ана: „ИЗЛЕГУВАМЕ“ со Цезаровиот код. Како гласи пораката која Алма ќе
ја испрати?
Задача 8:
Стефан добил порака
од Амир: „ПЅОП“ кодирана во
Цезаровиот код. Што сакал да му казже Амир на Стефан, ако Стефан знае дека
клучот е број три (3)?
Задача 9:
Јасмин испратил
порака на Томи: „УНК
ОТДЅА“. Но, пораката ја
пресретнал Елвин. Елвин знае дека Јасмин и Томи се допишуваат на начин што
секоја буква од азбуката се поместува за шест (6) места. Така ја дешифрирал
пораката. Која порака ја добил Елвин при дешифрирањето?
No comments:
Post a Comment